Претставување на компанијата
Комбинација на индивидуални технички системи во сеопфатно прилагодени решенија за управување со ризик и бизнис оптимизација, кои совршено одговараа за секој клиент.
Како компанија која нуди услуги за системи за безбедност и автоматика, СЕНСОР ДОО проектира, инсталира и одржува комплетни системи за техничка заштита од 2000 година и претставува дел од TENZOR групација која е присутна на пазарот на поранешните делови на Југославија.
Решенијата кои Сенсор доо Ви ги нуди се дизајнирани за малопродажни објекти, индустрија, административни згради, телекомуникациски сектор, банкарски сектор, јавна администрација и домаќинства. На барање на клиентот, нашата соработка може да започне со проценка на ризик и консалтинг, и да продолжи со проектирање и имплементација на сигурносниот систем.
Висококвалификуваниот кадар што го имаме, ни овозможува да ви понудиме персонализирани безбедносни решенија по ваша мерка и истовремено да ја постигнеме нашата примарна цел:
- Исполнување на Вашите желби
- Имплементација на квалитет
- Воспоставување на доверливо партнерство со нашите клиенти
