конференција "ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ СОГЛАСНО ЕУ РЕГУЛАТИВИ: Одржливост, Ефикасност, Удобност и Безбедност"
Оваа недела организиравме конференција на тема "ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ СОГЛАСНО ЕУ РЕГУЛАТИВИ: Одржливост, Ефикасност, Удобност и Безбедност", во одличниот амбиент на hashtagВоденица Мулино во Скопје. На оваа конференција ги споделивме новите трендови за подобрување на енергетската ефикасност при проектирање и градење на деловни објекти во согласност со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност.
 LOR4541
Учество зедоа, Svete Krstik, генерален директор на Сенсор Македонија и Vlade Grozdanovski, претседател на одделението за електротехника при Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.С.Македонија кои ги поздравија и посакаа добредојде на сите гости. Teodor Toshev, раководител на одделот за автоматика и BMS во Сенсор, ја претстави насоката на развивање на BMS системите, а заедно со Trajche Kraleski, главен и одговорен инженер од WIK Group во Македонија ја презентираа интересната студија на тековни и идни решенија во нивната фабрика.
Claudio Inglesi, нашиот партнер од Johnson Controls не информираше за новите регулативи на ЕУ и нивните специфични решенија.
Ја завршивме конференцијата со Miha Senčar, комерцијален директор на Tenzor Group, кој презентираше иновативни решенија за логистика на индустриски капацитети, решенија за паркинг системи и решенија за дигитализација на библиотеки.
Благодарност до Види Вака - Vidi Vaka, што не посетија и преку нивниот медиум овозможија да оваа конференција допре до пошироката јавност.

Воедно се заблагодаруваме на сите гости и со нетрпение ја очекуваме нашата соработка во иднина!

Прашања

Cookies

This site uses cookies to ensure a better functioning and user experience. Cookies are stored in your browser and can be deleted at any time. You can read more about cookies here.

Necessary cookies

They are indispensable for the functioning of the website.

Functional cookies

They allow the use of third-party services and social media, e.g. watch a video on a YouTube channel.

Analytical cookies

With Google Analytics cookies, we are able to identify users' needs and improve the user experience on the site.

I authorize the processing of data for the purposes indicated above