Почитувани партнери,
Системите за броење на посетители станаа едни од критичните средства
за развојот на продажната индустрија.
Конкурентоста на пазарот и секојдневното опкружување налага
користење на технологија со цел да се биде чекор пред другите.
Собирањето и анализата на податоци можат да помогнат кон
постигнување на целите на компанијата и оптимална искористеност на ресурсите.
Податоците од броњето на посетители се релевантни од повеќе аспекти и тоа:
• Навремени маркетинг кампањи и мерење на нивната ефикасност
• Ефикасност на вработените
• Ефикасност на продажното место
Но, најголем предизвик е сите тие информации од сите локации да
бидат достапни на едно место.
Затоа Сенсор, покрај хардверско, ви го нуди и софтверското решение
(rEMS) чиј што развој е плод на нашата групација и 20 годишното постоење.
Нашиот софтвер нуди генерирање на извештаи со адаптирана конверзија
како за едно така и за повеќе продажни места во зависност од бизнис сферата во
која делувате и нивно споредување на дневно, неделно, месечно и годишно ниво.
• Можност за поврзување со ПОС терминалот од продажно место со цел автоматизирано собирање на податоци и генерирање на извештај за дневна конверзија по локација.
• Можност за ретроспективен преглед на податоци по точен датум и час.
• Автоматско запишување на временската прогноза за даден ден и
продажно место.
• Споредба на повеќе локации и нивно евалуирање на врз база на
конверзија.
За повеќе информации тимот на Сенсор Ви стои на располагање.