Почетна Сенсор
Сенсор доо, Скопје компанија која успешно дава услуги за дизајнирање, имплементација и одржување на електронски сигурносни системи на Македонскиот пазар уште од 2000 година. Од тогаш, компанијата прерасна во еден од водечките провајдери за техничко сигурносни услуги за:
Квалитетните консалтинг услуги, дизајнот, изведбата и пос т продажната поддршка се нашата клучна конкурентска предност и она што не издвојува од другите компании. Нашите експерти и флексибилен персонал ни овозможуваат да ги задоволиме и најспецифичните барања на нашите клиенти и да им понудиме единствено севкупно безбедносно решение.
Сенсор доо моментално брои 15 вработени, а вкупно 50 во групацијата. Нивната клучна вредност е интердисциплинарната тимска работа. Ова значи дека кога е потребна помош, изведбата на техничките безбедносни решенија е всушност комбиниран напор на инжињери за развој, техничари, дизајнери и продажни инжињери кои работат заедно за да го припремат оптималното решение за клиентот.