English

Почетна Малопродажни објекти

Предности

  • Помалку неслагање во залихите.
  • Превенција од кражба и алатка за детекција на кражби.
  • Има психолошки ефект кај потенцијалните крадци.
  • Овозможува мониторинг во продавницата и околните места.
  • Овозможува собирање на важни маркетинг информации.
  • Решенија по нарачка и желба на клиентите.
  • Интеграција на различни безбедносни системи во единствено севкупно решение - консалтинг, дизајн, инсталација и одржување.

Безбедносни решенија за малопродажни објекти

Ефективно дизајнираните и имплементирани безбедносни решенија за малопродажните објекти допринесуваат за поуспешно оперативно работење во малопродажбата.

Неслагање во залихите за малопродажните објекти се вообичаена појава. Тие се појавуваат како последица на четири фактори:

  • административни грешки
  • кражби од добавувачи
  • кражби од вработени и
  • кражби од купувачи.

Со соодветно дизајнирани и имплементирани технички сигурносни решенија, овие несложувања можат да бидат доведени до минимум.

Ние ви нудиме севкупен безбедносен систем кој вклучува:

  • системи за детекција на упад/кражба
  • системи за видео надзор
  • системи за рана детекција на пожар
  • системи за заштита на производи од кражба
  • системи за заштита на производи од кражба со кабли
  • системи за контрола на пристап
  • детекција на фалсификувани банкноти
  • препознавање на регистарски таблици