English

Почетна Индустрија

Предности

  • Намалена кражба.
  • Мониторинг на големи индустриски комплекси.
  • Поголема безбедност на вработените.
  • Снимање на влез и излез на возила во индустриските објекти.
  • Решенија по желба и нарачка на клиентите.
  • Интеграција на различни безбедносни системи во единствено севкупно решение - консалтинг, дизајн, инсталација и одржување.

Безбедносни решенија за индустриските капацитети

Во индустријата, инвестицијата во квалитетен интегриран сигурносно-безбедносен систем може да донесе само предност во однос на конкуренцијата.

Складиштата, производните погони, возниот парк, влезот во комплексот, деловните згради и просторот околу нив се критични безбедносни точки во индустрискиот простор. За да се обезбеди овој простор, од особена важност е да се користи севкупен безбедносен систем кој се состои од:

  • проценка на безбедносниот ризик,
  • дизајнирање,
  • имплементација на безбедносните решенија.

Во денешно време, инвестирањето во безбедносни решенија не треба да се смета како трошок, туку како непроценлива инвестиција за сигурноста на бизнисот.

Нашите референци во индустрискиот сектор зборуваат сами за себе - Сенсор доо е квалификувана за имплементација на едноставни и независни, како и сложени комплексни интегрирани сигурносни решенија.

Може да изберете од следниве системи:

  • системи за детекција на упад/кражба
  • системи за рана детекција на пожар
  • системи за видео надзор
  • системи за контрола на пристап
  • системи за периметерска заштита
  • системи за препознавање на регистарски таблици