Почетна Група на производи
Технологијата за препознавање на регистарска таблица функционира на тој начин што ги трансформира визуелните информации од камерата во дигитализирана форма што овозможува понатамошна обработка на податоците во базата на податоци.
Сликање
Слика на возилото е сликана со посебна камера која не е осетлива на дневно или ноќно светло и која овозможува препознавање на регистарската таблица преку ден, но и во текот на ноќта. Дополнително, кога регистарската таблица е сликана, панорамска слика и слика на возачот може исто така да биде сликана.
Технологија на препознавање
Препознавањето на регистарската таблица функционира на основа на OCR технологијата (оптичко препознавање на знаци) која е адаптирана за препознавање на знаци од регистарските таблици .Притоа, можно е да се препознае еден или два реда од регистарската таблица. И покрај надворешните фактори (како штета, нечистотија,избледеност или покриени таблици), постигнато препознавање на таблиците од скоро 98.7%.
Обработка на податоци
Серијата на знаци која е препознаена се внесува во базата на податоци и може дополнително да бидат додадени информации за датумот и времето на препознавање, сигурност на препознавањето, слика итн. Со специјално дизајнирани апликации можна е понатамошна обработка на информации, пребарување или сортирање, управување со возен парк и сл.
Практична примена
Регистарските таблици се форма на идентификациони податоци за индивидуални возила. Секогаш е возможно да се позајми картица за пристап до возниот парк, а предноста на регистарските таблици е тоа што се секогаш тука кога се потребни. Во случај на злоупотреба, системот за препознавање на регистарски таблици овозможува сликата да биде складирана од моментот на пристап до просториите што овозможува да се има трага на злоупотребите.