Како компанија која нуди услуги за системи за безбедност, Сенсор доо дизајнира, инсталира и одржува комплетни севкупни системи за техничка заштита од 2000 година и претставува дел од Тензор групацијата која е присутна на пазарот на поранешните делови на Југославија..
Решенијата кои Сенсор доо Ви ги нуди се дизарнирани за малопродажните објекти, индустријата, административни згради, телекомуникацискиот сектор, банкарскиот сектор, јавната администрација и домаќинствата. На барање на клиентот, нашата соработка може да започне со проценка на ризикот и консалтинг, и да продолжи со проектирање и имплементација на сигурносниот систем.
Висококвалификуваниот кадар што го имаме, ни овозможува да ви понудиме персонализирани безбедносни решенија по ваша мерка и истовремено да ја постигнеме нашата примарна цел: имплементација на квалитет и задоволување на вашите желби.
Подготвивме серија на важни информации кои ќе бидат од голема помош при донесувањето одлуки за дизајнот и инсталацијата на сигурносните системи.
Дали постои некаков проблем со вашиот безбедносен систем?